Top Sport

Роналдо со гол го прослави 1.000 меч во кариерата (Видео)

Јувентус победнички го мина гостувањето кај „фенерџијата“ во Серија А, СПАЛ. На победата од 2:1 секогаш ќе се сеќава Кристијано Роналдо кој го одигра 1.000 меч во професионалната кариера и успеа да израмни еден рекорд во Серија А.

Стрелци на головите беа Роналдо во 39 и Рамзи во 60 минута за Јувентус, а Петања од пенал во 69 минута за СПАЛ.

Голот што го постигна во 39 минута на 1.000 меч во кариерата беше 11 во низа за Роналдо во Серија А. На 11 натпревари во низа најмалку по гол постигнувале уште само фабио Кварљарела во сезоната 2018/2019 и Габриел Омар Батистута во сезоната 1994/1995.

Роналдо досега во кариерата има постигнато 725 голови, од нив 42 се во Серија А со што се израмни со легендарниот Руи Кошта како најефикасни португалски фудбалери во италијанскиот фудбал.

Scroll to Top