Top Sport

Халеп преку Рибакина до титулата во Дубаи

Симона Халеп ја освои титулата на ВТА турнирот во Дубаи. Романката во финалето ја победи Елена Рибакина со 3/6, 6/3, 7/6.

Светската број 2 и талентираната тенисерка од Казахстан одиграа исклучителено квалитетен меч кој по два и пол часа борба и припадна на Халеп, иако Рибакина го доби првиот сет.

Клучен за мечот беше средишниот дел од вториот сет кога Рибакина успеа да го врати брејкот, а потоа при водство на Халеп од 4:3 не реалзиира две гем топки, дозволи Ромактата да направи нов бреј, а потоа и да го освои сетот.

Драматичен беше и третиот сет Рибакина имаше 3.1, Халеп направи ри-брејк, а потоа во 12 гем имаше и сервис за победа меѓутоа Казахстанката успеа да избори тај-брејк.

Во 13 игра пресуди искуството на Халеп која на тој начин стигна до 20 титула во кариерата.

Рибакина е новата ѕвезда на светскиот тенис и таа треба да биде задоволна од својот настап во Дубаи. На патот до финалето таа ги победи Синијакова, шампионката од Австралија опен Кени, Плишкова и Мартиќ.

Scroll to Top