Кристијано Роналдо со јасна порака стави крај на шпекулациите дека сака да замине од Јувентус, прославувајќи ја својата втора италијанска титула со „бјанконерите“.
По вчерашната прослава и добивањето на скудетото, ЦР7 им порача на фановите дека е подготвен уште да игра за италијанскиот гигант, ставајќи ги на страна шпекулациите дека ќе заврши во Реал Мадрид или Пари Сен-Жермен.
„Пресреќен сум што осојувам две од деветте титули во низа на Јувентус. Можеби изгледа лесно, но не е така. Година по година, со талент, посветеност и напорна работа се остваруваат целите и се подобрув тимот. Сега, одиме на трета за мене“, порача Роналдо.