Top Sport

Ќерката на Рони О’Саливен: Тој не заслужува да е татко, ниту дедо

Тејлор-Ен Магнус, ќерката на снукер-легендата Рони О’Саливен влезе во зачудувачки напад на својот татко, велејќи дека тој не заслужува да се нарекува ниту татко, ниту дедо, откако не се погрижил да ја види својата едногодишна внука.

23-годишната Тејлор-Ен е ќерка на О’Саливен со Сели-Ен Магнус, со која снукер играчот беше во врска во 1990-тите. Сели-Ен беше во врска со О’Саливен во 1996 година, кога двајцата родители на снукер легендата беа во затвор, но наскоро подоцна тој ја исфрли од својот дом. О’Саливен има уште две деца, Лили, родена во 2006 и Рони Јуниор, роден во 2014.

Тејлор-Ен вели дека се сретнала со својот татко само 12 пати во својот живот, и пред стартот на Светското првенство во Шефилд во недела навечер, таа изјави дека тој не покажал интерес да ја сретне својата внука, Зара-Ен.

„Тој можеби е светски шампион за некои, но за мене тој не заслужува да биде нарекуван ниту татко, ниту дедо. Зара-Ен ќе порасне знаејќи кој е тој. Тој ветуваше многу, но тоа што го зборува и тоа што го прави се две различни работи. Секогаш сум се надевала на подобри односи, но чекам цел свој живот. Никогаш не контактираше со мене откако дозна дека сум бремена“, вели Тејлор-Ен во интервју за „Сан“.

Scroll to Top