Top Sport

Роналдо со супер-асистенција – Португалија-Шпанија 0:0, Турците со „германски рецепт“ против Германците

Португалија и Шпанија одиграа пријателски меч без голови во Лисабон, додека Турција со гол во последните минути стигна до 3:3 реми со Германија во Келн. Италија немаше мака со Молдавија победувајќи со 6:0, Хрватска победи кај Швајцарија со 2:1, додека Холанѓаните дома загубија со 0:1 од Мексико.

Дуелот во Лисабон помеѓу соседите од Пиринејскиот Полуостров, беше реприза од возбудливиот меч на СП во Русија, кога заврши 3:3 со хет-трик на Кристијано Роналдо, меѓутоа, овојпат напаѓачите не беа најрасположени за игра. Најинтересниот момент дојде во второто полувреме, кога Кристијано имаше фантастична асистенција, која за жал не заврши со гол.

Германците дојдоа во водство против Турција на крајот на првото полувреме по одличната асистенција од Каи Хаверц до Јулијан Дракслер, но Озан Туфан во 50-тата минута израмни на 1:1. „Маншафт“ повторно дојде во водство осум минути подоцна преку фудбалерот на Менхенгладбах, Флоријан Нојхаус, но Турците повторно се вратија преку Ефечан Караџа во 67. минута, пред Џанлука Валдшмит пак да ги донесе домаќините во водство во 81. минута. Кенан Караман во 94. минута осигура Турците да извојуваат одлично 3:3 реми.

Хрватска со головите на Брекало и Пашалиќ победи кај Швајцарија со 2:1, додека Холанѓаните загубија со гол од пенал дома од Мексико. Италијанците пак, против Молдавија стигнаа до лесна 6:0 победа со пет гола во првото полувреме, предводени од Стефан Ел Шарави со два гола.

ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ

Португалија – Шпанија 0:0

Германија – Турција 3:3

Италија – Молдавија 6:0

Швајцарија – Хрватска 1:2

Холандија – Мексико 0:1

Австрија – Грција 2:1

Полска – Финска 5:1

Словенија – Сан Марино 4:0

Кипар – Чешка 0:1

Црна Гора – Летонија 1:1

Данска – Фарски Острови 4:0

Естонија – Литванија 1:3

Малта – Гибралтар 2:0

Луксембург – Лихтенштајн 1:2

ПОРТУГАЛИЈА – ШПАНИЈА

ГЕРМАНИЈА – ТУРЦИЈА

ИТАЛИЈА – МОЛДАВИЈА

ХОЛАНДИЈА – МЕКСИКО

ДАНСКА – ФАРСКИ ОСТРОВИ

КИПАР – ЧЕШКА

Scroll to Top