Top Sport

Роналдо спие во пижами од 2.100 евра (фото)

Фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо одлично поминува во изолацијата во Португалија, а околу себе има само луксуз.

Сите се упатени дека има луксузни автомобили, куќи, гардероба, но досега не е прикажана неговата облека за спиење.
Кристијано спие во пижами вредни 2.100 евра.

Неговата девојка, Георгина Родригез го фотографирала на тераса, по пижами.

Роналдо носи „Живанши“ маица која чини 498 евра, заедно со „Диор“ горна пижама која чини 1.043 евра. Долниот дел од пижамите на брендираната марка е 1.077 евра.

Исто така, на нозете има папучи кои вредат 375 евра.

Scroll to Top