Top Sport

Џерард ги одбра 11-те најдобри, со Меси и Дел Пиеро, без Роналдо!

Легендата на Ливерпул, Стивен Џерард ги одреди најдобрите 11 фудбалери на сите времиња, според негово видување.
Интересно е што во составот има само еден играч на Ливерпул.

„Колку е ова тешко, толку многу фантастични фудбалери кои не успеав да ги вклопам“ – вели Стиви-Џи.
На голот на неговиот тим е Јан Облак.

Лев бек е Енди Робертсон, актуелниот дефанзивец на Ливерпул.

На спротивната страна – Бразилецот Кафу, а стоперско дуо се Калиду Кулибали (Наполи) и екс-капитенот на Сити, Винсен Компани.

Рој Кин и Тони Крос се во средината на теренот, пред нив Меси, Дел Пиеро и Мбапе, а истурен во нападот – Дидие Дрогба.

„Сакав во мојот тим да има место и за Филип Лам, Зинедин Зидан. Многумина се изненадени од тоа што на списокот е Алесандро Дел Пиеро, но не можев да го заобиколам, се сеќавам каков мајстор беше“ – вели Џерард.

Scroll to Top