Top Sport

Роналдо: Среќен сум што прв постигнав над 800 официјални голови!

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо против Арсенал со двата гола му помогна на својот тим да дојде до триумф од 3-2, а тие голови беа 800. и 801. официјални во неговата кариера.

„Многу сум среќен што прв постигнав над 800 официјални голови! Каква е тоа само чудесно и незаборавно возење. Им благодарам на навивачите што се секогаш покрај мене. 801 и се уште броиме. Да продолжиме да го развлекуваме тој број и да се обидеме да го срушиме секој можен рекорд. Да го направиме тоа заедно, сметам на вас“ е пораката на Роналдо.

Португалецот досега одигра 1.095 официјални мечеви, од нив 911 клупски и 184 репрезентативни.

130 гола има постигнато за Јунајтед, 5 за Спортинг Лиабон, 450 за Реал Мадрид, 101 за Јувентус и 115 за Португалија.

Scroll to Top