Top Sport

Асот на Лејкерси распали по НБА лигата по лажниот тест за коронавирус

Кошаркарот на ЛА Лејкерс – Леброн Џејмс беше незадоволен што поради лажен позитивен тест за коронавирус не можеше да настапи во четвртокот на дуелот против Сакраменто Кингс.

Леброн ноќеска се врати на паркетот на дуелот со ЛА Клиперс, но и покрај тоа „езерџиите“ го загубија градското дерби.

Џејмс ја обвини НБА лигата за лошото справување со ситуацијата.

Знаев дека ќе ме исфрлат од протоколот поради Ковид 19. Никогаш не сум се чувствувал болно, знам дека може да сум асисмптоматски, но мислам дека ова е решено на погрешен начин“ рече Џејмс по синоќешниот меч.

Тој призна дека се чувствува збинето, фрустрирано и луто по лажниот тест за коронавирус.

„Првиот тест беше негативен, а вториот позитивен. Логично е кога тестот е позитивен да се направи нов, меѓутоа тие не го сторија тоа и веднаш ме испратија во изолација“ рече Џејмс.

Леброн претходните недели имаше неколку конфликтни ситуации. Најпрво имаше кавга со противнички играч, а неодамна во Индијана влезе во конфликт и со навивачи во првиот ред од гледалиштето.

Scroll to Top