Кристијано Роналдо продолжи да го шири својот бизнис, но и да ја задоволи страста за луксузни часовници, инвестирајќи во онлајн пазарот „Хроно24“. Од компанијата објавија дека тој станал акционер, без да посочат колку проценти од компанијата поседува, споделувајќи фотографија со основачот Тим Страке.
„Љубители на часовници низ целиот свет, имаме фантастични вести за вас – Кристијано Роналдо се приклучи како акционер. Неговата страст за часовниците и неговото бизнис-чувство ќе не однесат на ново ниво“, велат од компанијата, основана во 2003, која продава 530.000 часовници.
Роналдо, кој игра за саудискиот Ал-Наср и во минатото се фалеше со својата колекција часовници, вредна над 7 милиони евра, како и со колекцијата на луксузни автомобили од најмалку 20 милиони евра. Тој поседува часовник од „Franck Muller, Van Cleef & Arpels“ со 474 бели дијаманти вреден 2 милиони евра, како и уникатен „Hublot Masterpiece“ вреден околу милион еврар.