Top Sport

Роналдо стана првиот милијардер меѓу фудбалерите

Беше само прашање на време кога Кристијано Роналдо ќе стане првиот фудбалер во историјата со милијарда на својата сметка во банка.

Поточно, Португалецот е „тежок“ 1,2 милијарди евра.

Според „Блумберг“, водечкото американско финансиско списание, Португалецот ја преминал магичната линија благодарение на профитабилните повеќегодишни договори со компаниите „Најк“ и „Армани“, но овој финансиски скок му донесе продолжување на соработката со неговиот клуб Ал-Наср.

Новата соработка со Саудијците ќе го направи Роналдо побогат за уште 400 милиони евра.

Портуаглецот сега има уште една цел, да дојде до најмалку 1.000 во кариерата, моментално е на бројката од 946 постигнати голови во кариерата.

„Мислам дека сè уште можам да дадам многу на клубот и на репрезентацијата, сакам да играм долго време, но не предолго, да бидам искрен. Се надевам дека кога еден ден ќе се пензионирам, ќе бидам задоволен бидејќи дадов се од себе. Свесен сум дека не ме очекуваат многу години играње фудбал, но сакам да го искористам малкуто време што го имам. Мојата филозофија е да живеам ден за ден. Немам долгорочни планови. Уживам во секој ден и на секој тренинг“, изјави неодамна Португалецот.

Scroll to Top