Фудбалскиот сојуз на Португалија го суспендираше Кристијано Роналдо на 30 дена и го казни со 255 евра за непочитување на тимската дисциплина и напуштање на репрезентативниот камп.
По конфликтот со селекторот Жорге Жесус, Кристијано Роналдо го напушти кампот на националниот тим. После тоа, тој објави обемно писмо до јавноста во кое, меѓу другото, наведе дека очекува да биде казнет бидејќи правилата треба да важат и за него, како и за сите други.
Статутот на Португалската фудбалска федерација предвидува шестмесечна суспензија како најстрога казна за вакви ситуации, но Дисциплинската комисија не отиде толку далеку. Паричната казна е повеќе од смешна бидејќи, како што пресметаа новинарите на „Форбс“, оваа сума Роналдо ја заработува за 39 секунди.
Постапката против Роналдо беше покрената на 10 октомври. Иако и Роналдо и претседателот на Португалската фудбалска федерација нагласија дека сакаат легендарниот фудбалер да продолжи да игра за репрезентацијата, прашањето е дали ќе го видиме во ноември кога Португалија има дуели со Данска и Велс во Лигата на нации.
Foto/ Depositphotos
