Top Sport

Роналдо „тајно“ му се јавил на Меси?

Дискусијата околу тоа кој е најдобриот фудбалер на денешницата добива поинаква димензија ако се верува на извештајот на шпанскиот „Дон балон“.

Според нив, Кристијано Роналдо му се јавил на Лионел Меси да му каже дека Португалецот ќе ја освои титулата „Златна топка“ за најдобар фудбалер во 2017 пред Аргентинецот. Ова доаѓа откако се појавија шпекулации околу наводната насловна страница на магазинот „Франс фудбал“, кој ја доделува наградата „Балон дор“, на која беше Меси.

Роналдо, кој ќе се израмни со Меси со по пет победи ако ја добие наградата оваа година, потоа наводно добил честитки од Меси.

Победникот официјално ќе биде прогласен на 7 декември, еден ден пред Роналдо и Реал Мадрид да почнат со настапот на Светското клупско првенсто.

Освојувањето на „Златната топка“ долго време е тема за разговор за ривалството меѓу Меси и Роналдо, иако тоа најверојатно посериозно го сфаќаат нивните навивачи отколку самите фудбалери.

Последна година кога некој друг освен Роналдо или Меси ја освоиле наградата беше 2007, кога Бразилецот Кака беше прогласен за фудбалер на годината.

Scroll to Top