Top Sport

Магнусен во легална битка со поранешната менаџерка

Возачот на Хас, Кевин Магнусен го очекува можеби најтешката битка во кариерата, откако ќе се обиде да го спречи својот поранешен менаџер да продолжи да заработува од него и понатаму.

Магнусен ја отпушти Дорте Рис Мадсен оваа година, по што таа го тужеше за дел од заработувачката, сегашна и идна на данскиот возач. Оттогаш двајцата се обидуваа да најдат договор надвор од суд, но данскиот весник „БТ“ вели дека преговорите се завршени.

„Да, можам да потврдам дека ќе одиме на суд во јануари“, изјави Мадсен за весникот.

Таа бара 20 отсто од целата заработувачка од септември 2015 до јуни 2021 година, кога требаше да заврши нивниот договор.

Scroll to Top