Top Sport

Роналдо: Трансферите се преценети, исклучок е оној на Жоао Феликс

Во интервјуто за португалската телевизија „ТВИ“, во кое говорел за својата иднина Кристијано Роналдо, направил осврт и состојбите што владеат во денешниот фудбал, а кои се поврзани со огромните суми што се плаќаат за одредени трансфери.

Роналдо, кој рекол дека нема фудбалер во светот што има повеќе рекорди од него, во врска со големите трансфери направил исклучок само со оној на својот сонародник Жоао Феликс.

„Тешко е да правите некакви сметки во денешниот фудбал, многу се полага во потенцијалот на фудбалерите, фудбалската индустрија е поинаква. Ако го тргнема настрана трансферот на Жоао Феликс, сега секој фудбалер може да вреди 100 милиони, иако во кариерата не покажал ништо. Сега има повеќе пари во фудбалот, сега стоперите и голманите чинат по 70-80 милиони евра. Тоа не ми се допаѓа, но живееме во таков свет и тоа треба да го почитуваме“, рекол Роналдо.

Инаку, во интервјуто, Португалецот дека би можел да ја заврши кариерата наредната година, но и дека може да игра уште најмалку шест сезони.

Scroll to Top