Top Sport

Роналдо тврдоглаво против шпанските даночници

Кристијано Роналдо одбил да се договори со шпанските даночни власти по тужбата во која се вели дека тој должи 14.7 милиони евра на шпанската држава, тврди шпанскиот весник „Ел мундо“.

Португалскиот напаѓач на Реал Мадрид поднесе нова жалба пред апелациониот суд во Мадрид во кое тврди дека обвинувањата се „без основа“ и направени според „своеволно толкување на законите“. Со ова писмо, Роналдо ги отфрла сите обвинувања и одбива спогодба, без која тој може да заглави во затвор.

Шпанските даночници последната година поднесоа повеќе жалби против фудбалери околу користењето на офшор компании за користењето на бизнис-договори околу користењето на правата на ликот, но повеќето од нив се согласија да платат дел од данокот за да избегнат затвор. Ваков беше случајот со Лионел Меси, Нејмар, но и поранешниот тренер на Реал Мадрид, Жозе Мурињо.

Шпекулациите по барањето за исплата на парите од Роналдо, велеа дека тој е подготвен да се пресели од Шпанија и да замине од Реал Мадрид, бидејќи смета дека ова е нефер одлука. Ќе се види дали одлуката на Роналдо да оди „контра“ системот ќе има хепиенд.

Scroll to Top