Top Sport

Кубица со нов „успешен“ тест за Вилијамс

Роберт Кубица комплетираше уште еден ден тестирање со тимот на Вилијамс пред можното враќање во Формула 1 следната сезона.

Полскиот возач тестираше болид на Вилијамс од 2014 година на патеката Хунгароринг во Унгарија, комплетирајќи цел ден на патеката, откако минатата недела работеше во Силверстоун. Главната цел на тестот е да се одреди дали Кубица е физички подготвен за Ф1 трка, откако во 2011 година по несреќа на една рели трка за малку ќе му беше ампутирања десната рака.

Кубица оваа година тестираше и за тимот на Рено, но тие решија шанса да му дадат на Карлос Саинс јуниор, кој дојде од тимот на Торо росо. Покрај Кубица, за Вилијамс ќе тестира и Британецот Пол ди Реста.

Scroll to Top