Јувентус ги заврши европските натпревари сезона, Лион не дозволи Роналдо и дружината да влезат меѓу осумте најдобри во оваа чудна, корона – сезона во ЛШ.
Сепак, утеха на Португалецот може да му биде што стана играч со најмногу голови во една сезона во историјата на „Старата дама“.
Вечерва Роналдо ги постигна најпрво 36-тиот, а подоцна и 37-миот гол оваа сезона, со што го собори 95-годишниот рекорд на Ференц Хизрез.
Од овие 37 гола, ЦР7 14 ги постигнати од белата точка. Зад неговото име оваа сезона стојат запишани и 7 асистенции.
Лани, во првата негова сезона во „црно-белиот“ дрес имаше учинок од 28 гола и 11 асистенции.