Кристијано Роналдо го започна 14-дневниот карантин во Торино додека дел од неговите соиграчи од Јувентус почнаа со тренинзи, објавувајќи фотографија со неговите деца во нивниот дом и со порака: „Најголемата љубов“.
Португалецот во понеделникот се врати во Италија од родниот остров Мадеира во Португалија, и сега мора да ги испочитува владините мерки за изолација пред да се врати на работа. На фотографијата се Роналдо, Кристијано Јуниор, Алана Мартина, Ева Марија и Матео.
Неговите соиграчи во вторникот беа во тренинг-центарот на Јуве. Џорџо Кјелини, Арон Ремзи и Леонардо Бонучи беа меѓу фудбалерите кои беа на работа по долгата пауза.
Qui #JTC ? Lavori in corso! ? pic.twitter.com/oh6Y2waIWs
— JuventusFC (@juventusfc) May 7, 2020