Top Sport

Роналдо вечерва брка нов рекорд за да го „претрка“ Раул

Португалскиот фудбалски ас, Кристијано Роналдо неодамна играјќи меч за селекцијата на Португалија стигна до 700-тиот гол во кариерата, а вечерва има можност да стигне до уште еден нверојатен рекорд во неговата богата кариера.

До сега во кариерата постигнувал голови против 33 различни клубови во Лигата на шампионите, а доколку вечерва погоди против московски Локомотив, на мечот во Торино, тоа ќе биде 34-тиот клуб против кој Португалецот постигнал погодок.

Со тоа би го срушил рекордот на легендарниот шпански фудбалер, Раул Гонзалез кој исто како Роналдо, во ЛШ постигна најмалку по еден гол против 33 различни тимови.

Вечерашниот натпревар е со почеток во 21 часот, а императивот на победа е за торинскиот клуб кој е на врвот на табелата со 4 бода, исто колку што има на втората позиција и мадридски Атлетико. Рускиот клуб е трет, со бод помалку, додека на дното е Баер Леверкузен без бодови по две кола.

Scroll to Top