Top Sport

Роналдо влезе во клубот „спортисти милијардери“

Еден од најдобрите фудбалери во историјата Кристијано Роналдо во досегашната кариера заработил повеќе од милијарда долари. Според магазинот „Форбс“ тој е првиот фудбалер во историјата што успеал да ја префрли магичната бројка.

Португалецот во 2019 година, пред да му бидат оданочени приходите, заработил 105 милиони долари со што се позиционира на четвртото место на листата на „Форбс“. Тој досега од фудбалот и спонзорските договори заработил повеќе од милијарда долари.

Напаѓачот на Јувентус е третиот спортист во историјата кој ја минал оваа бројка. Пред него се двајца Американци, Тајгер Вудс и Флојд Мејвејдер.

Кариерата на Кристијано Роналдо трае 17 години. Досега само од договорите со клубовите заработил 650 милиони долари, а откако ќе му заврши договорот со Јувентус во 2022 година ќе биде побогат за уште 105 милиони долари. Останатите пари Португалецот ги заработил од спонзорските договори.

Scroll to Top