Top Sport

НБА ќе забрани тренерите постари од 60 години да ги водат тимовите

Комесарот на НБА лигата Адам Силвер не ја исклучил можноста лигата да не им дозволи на тренерите кои се постари од 60 години да го водат своите тимови кога ќе продолжи сезоната.

НБА ќе продолжи на 31 јули во Орландо, а ќе се натпреваруваат 22 екипи (13 од Западната и 9 од Источната конференција).

Според Силвер тренерите не некои од овие екипи, од безбедносни причини, нема да можат да можат да присуствуваат на натпреварите.

„Досега научивме дека младите луѓе се најотпорни на вирусот, додека најзагрозени се повозрасните. Поради тоа ќе мораме да работиме на спроведување на протоколот, можеби ќе им забраниме на постарите тренери да ги водат натпреварите на своите тимови“, рекол Силвер.

„Можеби ќе биде неопходно тие да ја почитуваат социјалната дистанца. На пример ќе можат да бидат со тимот во соблекувалната, но кога ќе започне натпреварот не сакаме да бидат во близина на играчите“.

Своето незадоволство од оваа најава на Силвер јавно го искажал 65 годишниот тренер на Њу Орлеанс Пеликанс Алвин Џентри.

„Ова е без врска. Како тие испланирале јас да го водам мојот тим? И дали се сигурни дека сите под 60 години се здрави? “, рекол Џентри.

Доколку НБА ја спроведе оваа одлука покрај Џентри своите тимови нема да можат да го водат Грег Поповиќ (Сан Антонио, 71), Мајк Дантони (Хјустон, 69), Тери Стотс (Портланд, 62) и Рик Карлајл (Далас, 60).

Scroll to Top