Кристијано Роналдо по спектакуларниот пресврт на настаните, наместо за Манчестер Сити потпиша за Манчестер Јунајтед. По 12 години се враќа во клубот од каде започна неговото искачување кон фудбалските височини, но се чини дека сега ќе има една промена за разлика од првиот негов престој во дресот на „ѓаволите“ – бројот на грбот.
Трансферот од Јувентус, неофицијално, е 20 милиони евра, а се очекува Португалецот да заработува годишно по околу 29 милиони евра.
Од 2003 до 2009 играше за Јунајтед, па потоа направи трансфер во Реал Мадрид.
Кога дојде на „Олд Трафорд“ од редовите на Спортинг Лисабон сакаше да го носи дресот со број 28 (истиот го носеше и во Лисабон), но Сер Алекс Фергусон го увери дека тој е вистинскиот наследник на Дејвид Бекам и Ерик Кантона, па дека трема да ја земе „седумката“.
Сега, по враќањето во црвениот дрес Роналдо нема да може да игра со истиот број на грбот. Уругваецот Едисон Кавани ја има „седумката“, а според правилата на Премиерлигата, играчите не смеат да ги менуваат броевите во текот на сезоната, освен во два случаи.
Првиот – играчот со тој број да го напушти клубот
Вториот – ПЛ да даде посебна дозвола за промена на број (тоа досега во историјата не се случило).
Британските медиуми пишуваат дека Уригваецот останува во Јунајтед, а CR7 ќе може да одбира меѓу 12, 15, 24, 30, 31, 33, 35, 40…