Кристијано Роналдо, храбро, во стил на Златан Ибрахимовиќ, вели дека „рекордите го следат“, посочувајќи дека не е подготвен да сопре со својата блескава рекордна кариера.
Петкратниот освојувач на „Златната топка“ има 37 години и можеби се доближува времето кога треба да ја стопира кариерата, но за официјалниот сајт на Манчестер јунајтед вели дека е подготвен за нова ера под Ерик Тен Хаг.
„Рекордите, тие доаѓаат природно. Не ги следам рекордите, туку рекордите ме следат мене. Така што, тоа е добро. Мојата мотивација да продолжам уште е тука. Само напорна работа. Имам страст за фудбалот, а Манчестер и моите соиграчи ми помагаат цело време и морам да ги ценам тие кои му помагаат на Кристијано. Најважно за мене остануваат победите и да се освои некој шампионат или некој куп за да ги вратиме Манчестер на местото каде што заслужуваат. Понекогаш е потребно време, но вербата е тука“, вели Роналдо.
Да потсетиме, Роналдо го поминаа Јозеф Бицан како најдобар стрелец во конкурентни мечеви во историјата, исто така е носител на најмногу голови во репрезентативните настапи (115), рекордер по бројот на настапи за Португалија (187), најдобар стрелец во историјата на ЛШ (140) и најдобар стрелец во историјата на Реал Мадрид (450).