Top Sport

Роналдо за Атлетико: Луѓето се глупави и зборуваат многу (видео)

Кристијано Роналдо не беше расположен да го објаснува својот гест со раката по пропуштањето на убавата шанса во финишот на 2:2 ремито против Атлетико во Лигата на шампионите, откако тоа беше протолкувано како нервоза, но тој објасни дека се работело за гест кој значел: „Научи, мораш да научиш“.

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид нема најдобри односи со навивачите на Атлетико, а откако го постигна победничкиот гол во тешката 2:1 победа на Јувентус над Верона повторно беше запрашан за реакција.

„Луѓето зборуваат премногу. Тоа е сè. Луѓето се глупави и зборуваат премногу“, изјави Роналдо за „Скај спорт Италија“.

Scroll to Top