Top Sport

Роналдо за поранешниот клуб: Реал е најдобриот тим во историјата

Замина во Саудиска Арабија, го постигна 901-от гол во кариерата, а сега зборуваше за клубот во кој остави најголема трага. Кристијано Роналдо говореше за успесите на Реал Мадрид во претходните години, но и за Мбапе.

Португалскиот напаѓач го прокоментира успехот на мадридскиот клуб во најсилното европско клупско натпреварување:

„Луѓето велат дека Реал Мадрид има среќа во Лигата на шампионите, но… Не, тоа не е точно, не е точно дека тие имаат среќа“, започна Роналдо и продолжи:

„Реал Мадрид е едноставно најдобриот клуб во историјата на фудбалот.

Тој го коментираше и доаѓањето на Килијан Мбапе во „кралскиот“ клуб:

„Мислам дека Килијан ќе направи прилично добри работи во Реал Мадрид. Структурата на клубот е многу добра. Имаат одличен тренер и претседател. Таму сигурно ќе се снајде добро“, изјави Кристијано Роналдо.

Португалецот периодот од 2009 до 2018 година го мина во Реал Мадрид и за тоа време одигра 438 натпревари и постигна 451 гол.

Scroll to Top