Роналдо Луис Назарио де Лима, еден од најдобрите напаѓачи во историјата на фудбалот, во интервју за „Financial Times“, открил интересни детали од неговиот живот.
Бразиелцот се присетил како се чувствувал ноќ пред финалето на Светското првенство во 2002 година. Бразил, во финалето, ја победи Германија 2:0, а Роналдо бил толку нервозен пред натпреварот, бидејќи се плашел да не му се повтори 1998 година кога добил епилептичен напад.
„Финалето во Јокохама се играше од 20 часот. Ден претходно сите по вечерата заминаа на спиење, а јас останав и си мислев: ‘Не сакам да спијам’. Барав луѓе со кои би можел да разговарам и влегов во собата кај Дида, нашиот голман и му реков: ‘Те молам остани со мене’. Цела ноќ не спиев ми беше страв повторно да не добијам напад. Дида беше со мене цело време“, рекол Роналдо.
Во интервјуто тој открил дека десертите секогаш му правеле проблем со тежината.
„Секогаш мојот проблем биле десертите. Денес постојат многу движења кои ги бранат правата на хомосексуалците, црнците, но не се сеќаван дека некој мене ме бранеше кога ми викаа дека сум дебел“.
Накрајот тој открил што ќе направи доколку неговата 13 години помлада девојка Селина Локс посака да имаат деца.
„Да имав вазектомија, замрзнав доволно сперматозоиди. Мојата девојка, ако го сака тоа, може да роди цел фудбалски тим“, рекол славниот фудбалер.