Top Sport

Роналдо: Жалам што Тоти не ми беше соиграч

Легендарниот Бразилец и за многумина најдобриот напаѓач на сите времиња, Роналдо, во разговор за „Газета дело Спорт“, откри дека му е жал што никогаш не играл со Франческо Тоти.

Роналдо во текот на својата кариера соблекувалната ја делел со вистински ѕвезди: Фиго, Зинедин Зидан, Дејвид Бекам, Роналдињо, Роберто Баџо…но жали што не бил соиграч со Франческо Тоти.

Слична изјава неодамна имаше легендарниот капитен на Рома. И тој жали што во кариерата не играл во иста екипа со Бразилецот.

„Играв со (Роберто) Баџо, (Зинедин) Зидан, (Дејвид( Бекам, Роналдињо…и да би сакал да можев на оваа листа да го ставам и Тоти. Ја делам неговата тага што никогаш не сме биле соиграчи. Сигурно ќе беше забавно“, рекол Роналдо.

Вакво нешто во минатото ќе беше можно само доколку Бразилецот играше за Рома, бидејќи Тоти играчката кариера му ја посвети на овој клуб, иако во секој момент за неговите услуги беа заинтересирани најдобрите европски тимови.

Scroll to Top