Top Sport

Азар играч на годината во Белгија

Еден Азар од Челси е прогласен за најдобар белгиски фудбалер во 2017 година. Во изборот Азар наградата ја освои пред опонентот од Манчестер Сити Кевин Де Брујне.

Азар, кој минатата година ја освои Премиер лигата со Чекси, во изборот доби 326 гласа, 11 повеќе од Де Брујне. Во овој избор трет е Дрис Мертенс од Наполи, а на четврото место заврши напаѓачот на Манчестер јунајтед Ромелу Лукаку.

„Ова ми е прва награда во Белгија, сигурно не е последна. Својот глас му го дадов на Мертенс, имаше одлична година, постигна многу голови иако играше на позиција која не е негова“, рекол Азар.

Азар на пиедесталот го наследи Де Брујне, кој во претходните две години беше прогласува за играч на годината во Белгија.

Scroll to Top