Карлос Тевез е подготвен за нов чекор во својата кариера, откако Росарио Сентрал го потврдија како нивни нов тренер, негова прва тренерска работа во кариерата.
38-годишниот поранешен фудбалер на Манчестер сити, Манчестер јунјтед и Јувентус овој месец потврди дека се повлекува од фудбалот по смртта на неговиот очув, и сега го чека тежок предизвик во аргентинскиот фудбал, каде што неуспесите не се толерираат.
„Возбуден сум од проектот кој го преземам со моите браќа и Чапа Ретегуи. Работиме заедно четири-пет месеци на проектот и навистина сум возбуден“, изјави Тевез.
Тевез ја почна и заврши кариерата во Бока јуниорс, а во кариерата играше и за Вест хем, Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Јувентус и кинескиот Шангај Шенхуа, последен пат играјќи за Бока во 2021 година.
?? ¡Carlos Tévez es el DT de #RosarioCentral!
El Apache se convirtió en el nuevo entrenador auriazul, tras firmar contrato con el Club por 12 meses. Carlos "el Chapa" Retegui, será integrante de su cuerpo técnico.#VamosCanalla ???? pic.twitter.com/5APtaJjtiX
— Rosario Central (@RosarioCentral) June 21, 2022