Top Sport

Росицки во мисија за спас на Спарта Прага

Томаш Росицки, поранешниот фудбалер на Борусија Дортмунд и Арсенал, е именуван за нов спортски директор на чешкиот клуб Спарта Прага, кој по славните денови е во критична позиција по лошите резултати и засилувања.

Росицки на местото спортски директор на клубот формиран пред 125 години го заменува Зденек Шчасни, кој ќе остане тренер на тимот и покрај тоа што во чешките медиуми се шпекулираше дека фудбалерите се побуниле против него.

Росицки е дел од шкоката на Спарта, а таму ја одигра и својата последна сезона како активен фудбалер во 2016/17.

Scroll to Top