Top Sport

Во Бугарија и снегот може да е асистент (видео)

Снегот кој падна во поголемиот дел на источна Европа предизвика многу одложувања на натпревари, но и фудбал во тешки услови, но сепак, најинтересниот момент во зимскиот фудбал доаѓа од Бугарија.

ЦСКА Софија стигна до 2:1 победа над Ботев Пловдив во Првата лига, и тоа благодарение на „асистенцијата“ на една топка снег.

При едно нафрлање, топката среќно отскокна од парчето снег на теренот мамејќи го дефанзивецот на Ботев и директно пред напаѓачот од Гана, Али Соув, кој немаше проблем топката да ја смести во мрежата.

Scroll to Top