Top Sport

Роуз се искара со Мурињо, па тој го прати на позајмица во Њукасл

Њукасл јунајтед потврдија дека го добиле на позајмица левиот бек на Тотенхем, Дени Роуз, една недела откако Англичанецот влезе во расправија на тренинг со менаџерот Жозе Мурињо.

Роуз беше во Тотенхем дури 13 години, но во минатото имаше неколку несогласувања околу неговиот договор и беше казнет откако јавно го критикуваше Тотенхем за недостатокот на засилувања. Оваа ситуација ја искористи тренерот на Њукасл, Брус, барем до крајот на сезоната, бидејќи во договорот нема клаузула за откупување на договорот.

„Голема чест е што сум тука. Благодарен сум до менаџерот на Њукасл што ми даде шанса и сакам да му вратам со партиите на теренот. Возбудливо е да се игра пред навивачите на голем клуб како Њукасл. На мечот со Оксфорд имаше 50.000 фанови и тоа ја покажува страста и поддршката од навивачите“, изјави Роуз.

Мурињо демантира дека се „судрил“ со Дени Роуз

Scroll to Top