Top Sport

Улични протести во Сантијаго откако полицијата прегази навивач на Коло Коло

Делови од чилеанската престолнина Сантијаго во текот на вечерта „гореа“ откако навивачите на Коло Коло реагираа бесно, откако еден нивни колега беше прегазен од полициски камион. Ова се најбруталните протести во Чиле по минатогодишните протести против власта.

Протестантите нападнаа 20-тина полициски станици во текот на ноќта, фрлајќи молотови коктели, а резултатот на нередите е еден мртов полицаец и 46 повредени, објави министерството за внатрешни работи на јужноамериканската држава.

„Ова беше најнасилниот ден во 2020 година и се потсетивме на најлошото од октомври минатата година“, изјави шефот на полицијата, Енрике Басалети.

Навивачот бил прегазен при заминување од фудбалски меч во центарот на градот, по што полицијата објави дека го уапсила возачот и дека истрагата е во тек.

Scroll to Top