Фудбалерите на Розенборг на три кола до крајот на првенството ја освоија шампионската титула во Норвешка.
Единствениот ривал на Розенборг, Молде, со поразот од Кристијансунд (1:0) му овозможи на ривалот да ја прослави 25 шампионска титула.
Значи како актуелен норвешки првак, Розенборг ќе му гостува на Вардар на 7 декември во последното коло во Лига Европа.