Елиф Елмас ќе го напушти Лајпциг до крајот на преодниот рок. Вториот дел од минатата сезона, Елмас ја мина на позајмица во Торино. „Биковите“ немаат пари да го откупат неговиот договор но извесно е дека фудбалерот ќе се врати во Серија А.
Најмногу шанси за да го ангажира Елмас има неговиот поранешен клуб Наполи. Елмас во сезоната 2022/2023 беше дел од тимот кој по три децении ја врати титулата во Серија А, во градот под Везув. Таа сезона тој беше трет најобра стрелец во екипата.
Наполи отвори преговори со Лајпциг, но не за перманентен трансфер туку за позајмица, со право на откуп на договорот по завршувањето на сезоната.
Двете страни сега треба да ги договорат тие услови. Лајпциг ја одбиле орвата понуда од 1.500.000 евра за позајмицата и 11.500.000 евра за откуп на договорот.
Германскиот клуб бара 3.000.000 за позајмицата и близу 20.000.000 за откуп на договорот.
Според италијанските медиуми, Елмас се наоѓа и на радарот на Рома. Џанпјеро Гасперини бара играч што може да ја покрие левата страна откако Џејдон Санчо ја дби понудата од Рим.
foto/ EPA