Top Sport

Рубен Аморим го презема Милан

Милан постигна договор со Рубен Аморим, кој треба да ја преземе функцијата шеф на тренерскиот штаб на италијанскиот клуб, објавија португалските медиуми.

Според овие извори, португалскиот тренер се согласил на двегодишен договор, до летото 2028 година, со можност за продолжување за уште една сезона.

Откако го напушти Манчестер Јунајтед во јануари, Аморим (41) планираше да не преземе нов клуб оваа сезона, но понудата на Милан ги промени неговите планови. Португалскиот стручњак претходно истакна дека италијанскиот гигант е меѓу клубовите што отсекогаш сакал да ги води.

Аморим ќе заработува 3.500.000 евра нето по сезона во Милан, со дополнителни бонуси поврзани со освојување трофеи и пласман во Лигата на шампионите.

Милан не успеа да се квалификува во елитното европско натпреварување во претходните две сезони, бидејќи го освоија осмото место во Серија А во сезоната 2024/25, односно петтата позиција една година подоцна.

Се вели дека останува само конечно одобрение од сопственикот на клубот Џери Кардинале и компанијата „РедБирд“, по што Аморим треба да отпатува во Италија и да го потпише договорот.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');