Манчестер сити објави дека го продолжиле договорот со Рубен Дијаш. Португалецот, во синиот дел на Манчестер ќе остане до јуни 2027 година.
Минатото лето, Манчестер сити на Бенфика и плати 62 милиони евра за Рубен Дијаш. Со своите игри во сезоната во која „граѓаните“ ја вратија шампионската титула на „Итихад“, Португалецот, го импресионираше својот тренер Пеп Гвардиола, поради што и доби нов договор и дупло поголема плата.
We are delighted to announce that @rubendias has signed a new six-year contract! ✍️
Having joined from Benfica last September, Dias’ new deal will keep him at the Club through until the summer of 2027.
? #ManCity | https://t.co/axa0klD5re
— Manchester City (@ManCity) August 30, 2021
Рубен Дијаш ќе заработува 165.000 фунти неделно, односно околу осум милиони фунти годишно.
Рубен Дијаш беше прогласен за играч на сезоната во Премиер лигата.