Top Sport

Рубен Дијаш играч на сезоната во Премиер лигата

Фудбалерот на Манчестер сити, Рубен Дијаш (24) го доби признанието за најдобар играч во Премиер лигата, во сезоната 2021/2022.

Репрезентативецот на Португалија, во изборот победи пред соиграчот Кевин Де Брујне и Хари Кејн од Тотенхем, кој сезоната ја заврши како најдобар стрелец и асистент во Премиер лигата.

Покрај овие тројца во изборот беа уште и Бруно Фернандеш од Манчестер јунајтед, Џек Грилиш (Астон Вила), Мохамед Салах (Ливерпул), Томас Соучек (Вест Хем) и Мејсон Маунт (Челси).

Успехот на Дијаш е уште поголем ако се знае дека, сезоната 2021/2022 беше прва за него во Премиер лигата. Португалецот, минатото лето, за 65 милиони евра од Бенфика се пресели во Манчестер сити.

Со Дијаш во тимот, Сити зебележале 23 победи на 32 натпревари, на 15 натпревари „граѓаните“ не примиле гол. Во текот на сезоната, Дијаш имал 35 интервенции, добил 24 дуели, блокирал 23 удари и освоил 135 топки.

Претходно и новинарите го прогласија Рубен Дијаш за играч на сезоната во Премиер лигата.

Новинарите го избраа играчот на сезоната во Премиер лигата

Scroll to Top