Top Sport

Рубен Дијаз во Сити за 68.000.000 евра

Португалскиот фудбалер Рубен Дијаз кариерата ќе ја продолжи во Манчестер сити. Дијаз по десет години ја напушти Бенфика, потврди клубот. Во текот на денот тој треба да ги мине лекарските прегледи и да го потпише договор со Манчестер сити.

Рубен Дијаз е продукт на младинската школа на Бенфика, професионалната кариера ја започна во резервниот тим во 2015 година, а две години подоцна е префрлен во првиот тим.

Дијаз има 23 години, досега за репрезентацијата на Португалија има одиграно 19 натпревари.

Како дел од трансферот на Дијаз, во Бенфика ќе се пресели и Николас Отаменди.

Целиот трансфер изнесува 68.000.000 евра.

Scroll to Top