Рубен Семедо, фудбалер на Виљареал е упасен под обвинение грабеж, физички напад и киднапирање.
Бекот на Виљареал го пријавил човекот кој во полиција тврдел дека под закана од огнено оружје бил киднапиран од Семедо и неговите пријатели.
Станува збор за лице со кое Португалецот имал недоразбирања во еден ноќен клуб пред неколку месеци.
Наводно тие под присила го однеле во домот на Семедо, му ги зеле клучевите и му го ограбиле станот.
Проблематичниот Семедо и претходно имал „работа“ со шпанската полиција, кога бил успаен во еден ноќен клуб во Валенсија каде пукал од пиштол. Во друг случај, исто така во ноќен клуб, нападнал друг гостин со шише и му нанем повреди во пределот на главата.
Рубен Семедо кариерата ја започна во Спортинг, а минатото лето од Лисабон за сума од 14 милиони евра се пресели во Виљареал. Сезонава има одиграно само пет натпревари за „жолтата подморница“.