Откако ја предводеше Уеска во Ла лига првпат во историјата на клубот, Руби стана новиот тренер на Еспањол.
48-годишниот Руби на клупата на клубот од Барселона го менува Кике Санчез Флорес, кој беше отпуштен во април по низа од пет натпревари без победа и без гол. По ова, тренерот на резервниот тим, Давид Галјего ја заврши сезоната одлично со четири победи и едно реми во последните пет меча за да се обезбеди 11. Место.
Еспањол е дури 12. клуб во кариерата на релативно младиот тренер, кој претходно работеше и со Џирона, Валјадолид, Леванте и Спортинг Хихон пред да дојде во Уеска на стартот на сезоната 2017/18.
Фото: ЕПА