Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, Луис Мануел Рибијалес, повторил дека е против плановите натпревари од Ла Лига да се играат во други држави.
Инаку, претседателот на Ла Лига Хавиер Тебас се закани дека на суд ќе се бори за правото натпревари од Ла Лига да можта да се играат во странство, откако со спонзрите се договорил еден меч да се игра во САД.
„ Челниците на натпреварувањето барале одобрувања од надлежните тела, но никој не им одговори потврдно. ФИФА и Инфантино се против, УЕФА не кажа ништо, КОНКАКАФ не го коментираа целиот случај, исто како и САД. Сите тие нјпрвин треба да потврдат дека го поддржуваат планот, поради тоа не верувам дека тој ќе може да биде реалзиран. Не го поддржуваме овој потег, кој ќе ја наруши рамнотежата и нема да биде фер“, рекол Рубијалес.
Според плановите на првиот човек на Ла Лига, Тебас, во јануари Барселона и Џирона својот натпревар требаа да го одиграат во Мајами, САД.