Top Sport

Рубин исфрлен од европските купови

Европската фудбалска унија (УЕФА) му изрече 24-месечна суспензија на фудбалскиот клуб Рубин од Казањ. Мониторингот на УЕФА утврдил дека клубот ги прекршил правилата на финансискиот фер-плеј.

УЕФА објави дека Рубин нема да може да настапи во Лигата на шампионите или Лига Европа доколку обезбеди пласман во оваа или во наредната сезона.

Од европската куќа на фудбалот не наведа кои правила ги прекршил рускиот клуб.

Рубин во тековниот шампионат на Русија се наоѓа на петтото место, а од второто место кое обезбедува директен пласман во Лигата на шампионите е оддалечен само два бода.

Клубот од Казањ, во мај 2014 година, откако беше санкциониран поради финансискиот фер-плеј, постигна договор со УЕФА и тогаш плати шест милиони евра.

Scroll to Top