Собранието на босанскохерцеговскиот третолигаш Рудар Зеница донесе одлука за промена на името на клубот, кој отсега ќе биде познат како Зеница сити!
Желбата е да се направи респектабилен клуб за локалните услови, а за промената на името на клубот веќе добија одобрување од градоначалникот на Зеница.
„Зеница заслужува да има клуб кој ќе има амбиции да биде на врвот и да освојува титули, но без долгови и криминал. Рудар функционира совршено, без долгови, со млада и перспективна екипа оди кон подобри денови. Промената на името доаѓа во вистинско време и од следната сезона фановите ќе пречекаат обновен клуб Зеница сити“, изјави претседателот на управниот одбор на клубот, Шевко Адиловиќ.