Top Sport

Русија останува суспендирана од Параолимпијадата

Интернационалниот параолимписки комитет (ИПЦ) не ја тргна суспензијата на руската репрезентација за Зимската Параолимпијада во Пјеонгчанг, иако најави дека дел од спортистите ќе можат да се натпреваруваат како неутрални.

Русија беше суспендирана од сите параолимписки натпреварувања во август 2016 година пред Параолимпијадата во Рио поради доказите за државен допинг, иако ИОЦ тогаш реши да не ја суспендира Русија, туку да дозволи индивидуалните федерации да ја одредат казната. Од Рио недостасуваше само атлетскиот тим, поради суспензијата од страна на Интернационалната асоцијација на атлетски федерации (ИААФ).

„Рускиот параолимписки комитет останува суспендиран, но има огромен прогрес во споредба со 2016 и мораме да го признаеме тоа. Се надеваме на брзо враќање на Русија во параолимпиското семејство“, изјави претседателот на ИПЦ, Ендру Парсонс.

Од ИПЦ веруваат дека 30-тина руски параолимпијци ќе бидат присутни во Пјеонгчанг во алпско скијање, биатлон, нордиско скијање, сноуборд и карлинг со колички. Во саботата, ИОЦ прати покана до 169 руски спортисти кои можат да се натпреваруваат како неутрални на Олимпијадата следнито месец.

Scroll to Top