Top Sport

Рудар го смени балканското име, од следната сезона ќе се вика Зеница сити!

Собранието на босанскохерцеговскиот третолигаш Рудар Зеница донесе одлука за промена на името на клубот, кој отсега ќе биде познат како Зеница сити!

Желбата е да се направи респектабилен клуб за локалните услови, а за промената на името на клубот веќе добија одобрување од градоначалникот на Зеница.

„Зеница заслужува да има клуб кој ќе има амбиции да биде на врвот и да освојува титули, но без долгови и криминал. Рудар функционира совршено, без долгови, со млада и перспективна екипа оди кон подобри денови. Промената на името доаѓа во вистинско време и од следната сезона фановите ќе пречекаат обновен клуб Зеница сити“, изјави претседателот на управниот одбор на клубот, Шевко Адиловиќ.

Scroll to Top