Селекторот на Белгија, Руди Гарсија, беше видливо разочаран по ремито без голови (0:0) против Македонија во Гент, но остана спокоен и верува дека неговиот тим сè уште има добра позиција во квалификациите за Светското првенство 2026.
Иако Белгија влезе како голем фаворит, македонската одбрана беше перфектна и ја запре селекцијата на Гарсија.
„Фудбалерите се бореа до крај и немам што да им замерам. Имавме многу шанси, но Димитриевски бранеше извонредно. Кога не можеш да победиш, важно е барем да не загубиш“, изјави Гарсија по мечот.
Селекторот останува уверен дека Белгија може да заврши квалификациите како првопласирана репрезентација во групата.
„Доколку ги освоиме сите девет бода до крај, ќе го завршиме циклусот на првото место. Сè уште верувам во мојот тим“, дополни Руди Гарсија.