Top Sport

Руди нов играч на Шалке

Себастијан Руди го напушти Баерн Минхен и во иднина ќе го носи дресот на Шалке. Руди една сезона мина во Минхен, одигра 25 натпревари и со Баерн ја освои титулата во Бундес лигата.

Новиот тренер на Баерн, Нико Ковач, му дозволил на Руди да замине бидејќи не сметал сериозно на неговите услуги, објави новинарот на „Кикер“, Кристијан Фалк.

Обесштетувањето за Руди изнесува 16 милиони евра, а од разни бонуси Баерн ќе може да инкасира и дополнителни четири милиони евра.

Руди е седмо засилување за Шалке во овој преоден рок. Претходно во Гелзенкирхен пристигнаа Суат Сердар, Омар Маскарељ, Хамза Менди, Салиф Сане, Стивен Скржибски и Марк Лут.

Scroll to Top