Top Sport

Постигнаа гол, а го загубија натпреварот (Видео)

Неверојатен крај имаше натпреварот помеѓу ракометните тимови на Констанц и Фирстенфилдбрук, во третата лига на Германија.

По истекот на времето, при водство на Фирстенфилдбрук 24:23, на ракометарите на Костанц им остана само да изведат удар од девет метри. Играчот Том Волф, успеа да го надмудри блокот на противникот, го совлада и голманот, меѓутоа топката заглави на местото каде се спојуваат дирекот и гредата, доволно за да не ја мине гол-линијата.

Погледнете ја оваа интересна ситуација во приложеното видео.

Scroll to Top